ПРОСТОРИИ  
Можете да нè посетите и во пријатен амбиент да се информирате за условите и можностите на нашата aвтошкола. Нашите вработени во целост ќе одговорат на сите Ваши прашања.

  УЧИЛНИЦА  
Нашата училница е модерно опремена со сите потребни нагледни средства, целосно компјутеризирана. Покрај класичните предавања, наставата се одржува со помош на проекции и презентации.

  ЛОКАЦИЈА  
Лесно ќе нè пронајдете. Сместени сме во центарот на Скопје, на ул. „Митрополит Теодосие Гологанов“ бр. 51, во управната зграда на Авто-мото сојузот на Македонија.

Наша желба и цел, покрај основното знаење што ќе го стекнете во процесот на обука, е можноста да добиете одговори на сите Ваши дополнителни прашања и од aвтошколата да излезете како комплетни возачи.
Нашата соработка не престанува со полагањето на возачкиот испит. И понатаму Ви стоиме на располагање и со задоволство ќе одговориме на сите Ваши дилеми и нејаснотии.

Нашата посветеност и професионализам при давањето на услугите се докажуваат преку нашите кандидати кои по завршувањето на обуката во голем процент го полагаат возачкиот испит за многу кратко време, односно во процент кој отскокнува во однос на другите автошколи.

Нашата автошкола врши обука за возачи за сите видови на категории и поткатегории.